Познато е колку ќе заработува Меси во САД: Сумата е неколкукратно помала од тоа што му го нудеа од Саудиска Арабија

Претседателот на Интер Мајами, Хорхе Мас, во разговор за американските медиуми откри колку ќе изнесува платата на Лео Меси, но и најави нови засилувања во екипата.

– “Неговиот договор ќе изнесува помеѓу 50 и 60 милиони долари годишно, а за целиот овој процес потрошив три години. Последните години постојано бев во комуникација со Лео и неговиот татко. Бев сигурен дека ќе го доведеме Меси во САД.“ – изјави Хорхе Мас, претседателот на Интер Мајами.

Тој во продолжение од интервјуто најави дека ќе доведат уште неколку засилувања, ги спомена Серхио Рамос и Жорди Алба, но и Луис Суарес за кого рече дека ќе биде речиси невозможно да го доведат поради клаузулата во договорот со Гремио.

Сумата која денес беше откриена, а треба да ја заработува Лео Меси е неколкукратно помала од таа што му беше понудена од Саудиска Арабија, каде требаше да заработи 1.2 милијарди евра за три години.

- Оглас -

Најнови вести