18.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Познато е од каква природа е повредата на Мбапе и колку ќе паузира

Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, нема да игра на гостувањето кај Исланд откако доби удар во глуждот на синоќешниот меч со Азербејџан и не можеше да го доигра натпреварот.

Ѕвездата на Реал Мадрид веќе е во Шпанија и таму му беа направени тестови. Резултатите донесоа олеснување за него и за Кралскиот клуб, повредата на Мбапе не е сериозна. Тој ќе треба да одмора неколку дена.

Популарниот Кики ќе тренира нормално следната недела заедно со останатите соиграчи и затоа ќе може да игра на следниот натпревар на Реал Мадрид, в недела против Хетафе на „Колисеум“. 

- Оглас -

Најнови вести