Познато е поради каква повреда Меси го напушти теренот против Вилјареал

Лионел Меси за првпат сезонава беше стартер за Барселона, но сепак не успеа да одигра цел натпревар. Аргентинецот, кој синоќа беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за минатата сезона, беше заменет на полувремето од дуелот со Вилјареал.

По дуелот, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде откри за што се работи.

„Меси почувствува мала болка во мускулот на ногата и не сакавме да ризикуваме. Затоа решив да го заменам на полувремето. Не верувам дека е нешто сериозно, но треба да ги сочекаме официјалните резултати“, објасни стратегот на Барселона, Валверде.

Барселона на свој терен има три победи во три меча во Примера, но на гости шпанскиот првак уште се нема израдувано на три бода.

 

- Оглас -

Најнови вести