Ангажманот на Маурисио Покетино во ПСЖ е речиси комплетиран, веројатно подоцна, денес или утре ќе се официјализира соработката со ексменаџерот на Тотенхем, кој во Париз ќе се врати првпат откако беше фудбалер на Светците.
Во меѓувреме, медиумите веќе го најавија првиот трансфер на Покетино во ПСЖ, а тоа треба да биде Кристијан Ериксен. Покетино со Данецот соработуваше во Тотенхем цели пет години, а Ериксен блескаше под негово водство и беше трет најдобар стрелец на екипата зад Кејн и Сон во тој период.
Кариерата на Ериксен му застана во Интер, па уште во зимскиот преоден рок ќе бара нов клуб, но се чини дека ќе нема потреба да се мачи. ПСЖ наводно на Интер ќе му понуди директна размена за Ериксен во замена за Леандро Паредес, за кого Конте претходно имаше покажано интерес.