Познато е што го спасило Тајгер Вудс од сигурна смрт

Тајгер Вудс имаше успешна операција и сега му следува подолг период на рехабилитација. Легендарниот голф играч вчера имаше тешка сообраќајна несреќа откако загубил контрола врз неговото возило и излетал од патот. За да може да биде изваден од возилото, морало да реагираат и пожарникарите, кои сечеле дел од автомобилот.

Прославениот спортист се здоби со тешки повреди на нозете и на рацете, но сепак е надвор од животна опасност. Локалниот шериф Алекс Вилануева вели дека Вудс имал среќа што останал жив и откри дека многу е важно што во моментот кога возилото излетало на спротивната патека, од спротивен правец не доаѓал ниеден автомобил.

„Има среќа што преживеа“, е коментарот на Вилануева.

Освен тоа што немало возило од спротивната насока, среќа било што Вудс бил врзан со сигурносниот појас, но секако битно било и што вози скап автомобил, во кој имало 10 воздушни перничиња. Токму тоа што се активирале воздушните перничиња придонело Вудс да не се здобие и со други посериозни повреди на телото или главата.

Се очекува дека Вудс и по закрепнувањето само формално ќе прогласи крај на неговата блескава кариера.

 

 

- Оглас -

Најнови вести