10.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Познато е што му кажа Мастантуоно на судијата за да заработи директен црвен картон (Видео+Фото)

Франко Мастантуоно заработи директен црвен картон во 95-тата минута на мечот против Хетафе (0-1) и на тој начин со сигурност ќе го пропушти мечот против Селта Виго, а можеби и следниот против Елче.

Судијата Алехандро Муњис во еден момент се сврте кон Аргентинецот и без размислување му го покажа патот кон соблекувалната предвреме.

Шпанската „Марка“ го објави извештајот на судијата, кој по мечот напишал дека Мастантуоно му се обратил со зборовите: „Каков срам, каков е*ен срам“. Тоа било доволно за црвен картон, а според правилата, Аргентинецот ќе биде на „ладење“ на два или три меча.

- Оглас -

Најнови вести