Познато е што му кажа Видал на судијата за да добие црвен картон

Артуро Видал е еден од главните виновници за поразот на Интер на свој терен во дуелот против Реал Мадрид во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите. Некогашниот играч на Барселона имаше посебен мотив да го победи Реал, но наместо тоа, му направи штета на својот Интер.

Во првото полувреме Видал бараше пенал, но судијата не само што не покажа на белата точка, туку му покажа и жолт картон на Чилеанецот. Тогаш Видал збесна и му се внесе во лице на судијата, а арбитерот тогаш по вторпат му покажа жолт картон, што значеше и автоматски црвен картон, односно исклучување.

„Го имаш скапаниот ВАР -систем за да го користиш, а ти ништо“, биле зборовите што Видал му ги кажал на судијата кога му се втурна в лице.

Од Интер најавија дека нема да му го простат овој испад на Видал и планираат дополнително да го казнат својот играч. Интер на крајот со 0:2 загуби од Реал Мадрид и остана само со теоретски шанси за пласман во нокаут-фазата од елитното натпреварување на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести