Познато е со каква порака на маиците ќе излезат играчите на Партизан против Црвена ѕвезда (Фото)

Играчите на фудбалскиот клуб Партизан на денешниот натпревар од Купот на Србија против Црвена ѕвезда, на терен ќе излезат со маици на кои ќе има упатено порака до челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).

Во таборот на Црно-белите се лути на арбитражата на лигашкото дерби кое се одигра во саботата. Сметаат дека биле оштетени од судијата кој според нив бил навивач на Ѕвезда, па најавија дека ќе протестираат.

Протестот ќе се изрази така што фудбалерите на терен ќе излезат со маици на кои пишува: „Некои луѓе никогаш нема да дознаат колку е убаво да се заспие со мирна душа и чиста совест“, а тука е и хаштаг со кратенката ФСС, за да се знае кон кого е наменета пораката.

Многу навивачи на Партизан се незадоволни, сметаат дека требало да се реагира на порадикален начин, бидејќи никој во ФСС нема многу да се потресе од пораката на маиците.

- Оглас -

Најнови вести