Домаќинот на турнирот „Хумел куп”, на кој ќе игра и македонскиот ракометен првак Вардар 1961, ги објави полуфиналните двојки и термините на одигрување на натпреварите. Покрај Вардар1961 на турнирот ќе играат и екипите на Холстебро, Горење и домаќинот Магдебург.
Турнирот ќе се одржи на 21 и 22 август во Магдебург. На 21 август, во првото полуфинале, Вардар1961 од 16 часот ќе игра со Холстебро. Во второто полуфинале се среќаваат Горење и Магдебург од 19 часот.
Следниот ден, на 22 август, се натпреварите за пласман. Мечот за трето место е во 12.30 часот, а финалето е во 15.30 ч.
Пред турнир, вардарци ќе играат Суперкуп против Еурофарм Пелистер на 11 август. Црвено-црните од 12 до 15 август ќе настапат и на турнирот во Струга. Турнирот во Магдебург ќе биде последна проверка пред настапот во четвртфиналето од СЕХА-лигата, каде што Вардар игра со ППД Загреб.