Познато е со кого Македонија не може да се падне во квалификациите за Муднијалот 2022 година

Македонската  фудбалска репрезентација од четвртиот барабан ќе ја чека ждрепката за квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар. На 7 декември ќе биде познато кои ќе бидат противниците на Македонија за остварување и на мундијалскиот сон.

За официјална потврда на шесте барабани во квалификациите потребно е УЕФА да ја истакне најновата ранг-листа, но сигурно нема да има промени за Македонија и ние ќе бидеме во четвртиот по ранг барабан.

Покрај Македонија, во четвртиот барабан треба да се најдат и селекциите на Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Белорусија, Израел, Грузија и Луксембург. Тоа значи дека овие репрезентации не може да бидат во иста група со Македонија во квалификациите за СП 2022.

Во квалификациите за СП ќе има 10 групи, од кои пет ќе бидат со по пет селекции, а во пет ќе играат по шест. На Мундијалот директно место обезбедуваат само првопласираните од 10-те групи, додека второпласираните репрезентации ќе играат бараж.

Ждрепката за групите ќе биде на 7 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести