Познато е со кого може да игра Шкупи во следната фаза, ако го елиминира Динамо Загреб

В понеделник ќе се изврши ждрепка за третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, а победникот од Шкупи – Динамо Загреб, има три опции.

Доколку чаирчани го елиминираат хрватскиот првак, во следната фаза можни ривали им се кипарски Аполон, и најверојатно Лудогорец и Ференцварош кои се фаворити против Шамрок односно Слован Братислава.

Кој и да му се падне, Шкупи повторно би бил аутсајдер на хартија, но ако успее против опасниот Динамо, секако и Лудогорец, Аполон и Ференцварош не се непремостливи пречки.

- Оглас -

Најнови вести