Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги одреди градовите Атина и Вроцлав, за домаќини на финалните натпревари во Лигата на конференции во следните две години.
Финалето на најмладото европско клупско натпреварување идната година ќе се игра на стадионот на АЕК Атина, додека во 2025 година, финалето ќе се игра на стадионот на Сласк Вроцлав.
Финалето на женската Лигата на шампиони во 2025 година ќе се игра во Лисабон на стадионот на Спортинг.