Брајтон синоќа одигра 1-1 со Саутхемптон и сега има 23 бодови и гол-разлика 22-17, а ист ваков скор има и Манчестер сити, но Морските галеби се втори на табелата, а Сити е трети.
Во Англија, ако два тима имаат ист број бодови и иста гол-разлика, предност добива тимот чија прва буква е понапред во нивната абецеда. Во случајов, Б е пред М и затоа Брајтон е пред Манчестер сити.
Оваа ситуација ќе остане ваква до утрешниот дерби меч во кој Ливерпул го пречекува Сити. Што и да случи на „Енфилд“, Брајтон и Сити веќе нема да имаат ист број бодови и гол-разлика, барем едното ќе се смени.