По синоќешната победа на Манчестер сити од 4:0 над Флуминенсе во финалето на Светското клупско првенство дојде до инцидент во кој Фелипе Мело влезе во клинч со капитенот на Граѓаните, Кајл Вокер.
Денеска е откриено дека главен виновник за инцидентот е Џек Грилиш кој постојано ги провоцирал фудбалерите на Флуминенсе, а по четвртиот гол на Сити, тој им викал „оле“, што го натера Фелипе Мело да се пресмета со него по последниот свиреж на судијата.
Во одбрана на Грилиш застана Вокер и не дозволи Фелипе Мело да дојде до англискиот репрезентативец.
Grealish started joking and saying hello to the Fluminense players after the 4th goal
After that, Felipe Melo went after the English player. Pushed Grealish himself and Walker pic.twitter.com/BapeiLuqy4
— New Sheriff⚓ (@NewsheriffUtd) December 23, 2023
„Грилиш не покажуваше респект кон играчите на Флумименсе и никогаш нема да дозволам такво нешто. Тој за време на натпреварот викаше „оле“. Такво нешто можат да извикуваат навивачите, а не фудбалери. Играч на теренот не смее да искажува непочитување кон противникот“, рече Фелипе Мело.
https://twitter.com/sportbible/status/1738509728559313294
Однесувањето на Грилиш го коментираше и легендарниот бразилски фудбалер Марсело, кој со Реал Мадрид ги освои сите трофеи што може да се освојат.
„Секој прави што сака додека игра. Се што ќе кажам за Грилиш е дека еднаш победил на ова натпреварување, а јас дури четирипати и никогаш не сум се однесувал вака“.
Откако се појави веста во медиумите дека инцидентот по мечот е поради него, Џек
Грилиш се огласи на социјалните мрежи и порача дека ниту еднаш не им рекол „оле“ на играчите на Флуминенсе.