Кошаркарскиот свет денеска беше шокиран од видеото од тренингот на НБА шампионот, Голден Стејт вориорс, на кое се гледа како Дрејмонд Грин брутално го нокаутира соиграчот Џордан Пул, по што веднаш започнаа шпекулациите за причините за тепачката.
На видеото што се појави денеска, се гледа како Грин му приоѓа на Пул и му се внесува во лице, по што помладиот кошаркар го оттурна еден од најдобрите дефанзивци во НБА. Грин реагираше брутално и со еден удар го нокаутира Пул.
„Спорт Илустрејтед“ пишува дека промената на однесувањето на Џордан Пул во текот на целото лето, била причина за Грин да брутално да го нападне.
Новинарот Крис Хејнс тврди дека Пул се однесувал како арогантно на тренинзите пред почетокот на новата сезона во која Голден Стејт ќе ја брани титулата и притоа го навредил Грин.
Пул на еден од тренинзите откако постигнал поени преку Грин му рекол „трипл сингл“, алудирајќи на тоа што еден од најдобрите дефанзивци нема двоцифрен број на поени, скокови и асистенции на натпреварите зад своето име.
Пул беше еден од најзаслужните за освоената титула на „воините“ минатата сезона, во регуларниот дел постигнуваше просечно по 18.5 поени по натпревар, додека во плеј-офот даваше по 17 поени.
Младиот кошаркар според новинарот Хејнс очекува пред почетокот на сезоната која е закажана за точно 10дена, да започне преговори за нов далеку побогат договор и со арогантното однесување, исто така сакал да покаже дека тој, а не Грин ќе биде главна ѕвезда на екипата откако Стеф Кари ќе се повлече.