Најдобриот стрелец на репрезентацијата на Мексико, Хавиер Ернандез Чичарито, нема да игра на Светското првенство во Катар, а главна причина се случувањата кои му претходеа на Мундијалот во Русија во 2018 година.
На осум дена пред почетокот на Мундијалот, изби скандал во кој биле вмешани фудбалери кои организирале две оргии со проститутки, а сево ова се криело неколку години.
Многу работи кои тогаш беа кажани, не беа точни и само еден играч оттогаш не се врати во репрезентацијата откако селектор стана Херардо Тата Мартино.
Тој играч е Ернандез, но долго време не се знаеше зошто тој не се врати во репрезентацијата бидејќи новинарите намерно ја премолчуваа приказната за да останат во милост на Мексиканската фудбалска федерација.
Но, еден новинар реши да не молчи и ја откри причината за неиграњето на Ернандез, тоа е доајенот на спортското новинарство во Мексико, Рамон Фернанде.
„Тата Мартино буквално сè ни призна. Дека Чичарито ангажирал две проститутки за време на патувањето од Њујорк до Сан Антонио“, изјави Фернандез.
Инаку, Мексиканците се познати по дивите забави со проститутки, а слични случаи имало и претходно, како по СП во 2010 година кога половина од репрезентацијата беше суспендирана на неколку месеци.