Познато е зошто иницијаторот на тепачката во Мадрид не беше суспендиран и ќе игра на утрешниот меч

Вториот меч од четвртфиналната серија во Евролигата меѓу Реал Мадрид и Партизан, предвреме заврши поради тепачката која резултира со суспензии на по двајца играчи од двете екипи, но не и за иницијаторот, Серхио Љуљ, а денеска е откриено зошто Шпанецот се спаси.

Токму Љуљ со грубиот и неспортски прекршок над Кевин Пантер ја иницира тепачката, но не е казнет од страна на Евролигата бидејќи не учествувал во неа.

„Бидејќи господинот Љуљ направи неспортски прекршок кој е санкциониран на теренот, неговото однесување на подлежи под влијание на дисциплинскиот судија. Доколку тој не направеше неспортски прекршок можеби немаше да дојде до тепачката, но факт е дека тој не демонстрира физичка агресија и поради тоа тоа не беше исклучен од судиите. Со самото тоа, дисциплинскиот судија не може да го казни“, стои во соопштението на Евролигата.

Третиот натпревар од четвртфиналната пресметка ќе се игра утревечер во „Штарк арената“ во Белград, а на него нема да настапат суспендираните Гершон Јабуселе и Габриел Дек кај Реал, како и Матијас Лесор и Кевин Пантер кај Партизан.

Црно-белите водат со 2-0 во победи и потребен им е уште еден триумф за да обезбедат пласман на завршниот турнир кој ќе се игра во Каунас, Литванија.

- Оглас -

Најнови вести