Новак Ѓоковиќ беше главна ѕвезда во салата за време на синоќешниот кошаркарски меч меѓу Црвена ѕвезда и Валенсија. Српскиот тим победи, а по средбата, поголем дел млади навивачи на Ѕвезда имаа можност да се фотографираат со Ѓоковиќ.
Популарниот Ноле трпеливо стоеше и со насмевка се фотографираше со сите што чекаа да добијат спомен од најдобриот тенисер во светот. Во целата таа ситуација, еден момент беше посебно интересен.
Тројца млади момци дојдоа до Ноле да се фотографираат, а откако направија фотографија за спомен, неочекувано Ѓоковиќ извади пари од својот џеб и му ги даде на едно од момчињата.
Иако Ѓоковиќ се обиде дискретно да му ги даде парите на детето, тоа остана забележано на видеото. Како што пишуваат српските медиуми, наводно Ѓоковиќ решил да ги почасти децата со пари, затоа што пред мечот тие ја пронашле неговата платежна картичка и решиле да му ја вратат, а тенисерот за тоа ги наградил.
View this post on Instagram