Виктор Осимен барем до јануари ќе игра за Галатасарај како позајмен од Наполи, а по доаѓањето во Истанбул, побарал да носи дрес со бројот 45 на грбот.
Првото доаѓање на Нигериецот во Европа беше во Волфсбург, но не постигна ниту еден гол за овој клуб за којшто одигра 14 меча во сезоната 2017/2018. Германците го позајмија во белгискиот тим Шарлроа, а таму на дебито даде гол со пета. Сезоната ја заврши со 20 гола на 36 меча и тука почна неговиот пробив, по кој си обезбеди трансфер во Лил.
Во таа сезона 2018/2019, Осимен во Шарлроа играше со дрес со бројот 45 и затоа инсистирал и во турски Галатасарај да го носи истиот број.