24.2 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Познато е зошто полицијата влезе во просториите на Милан: Кој е всушност сопственик на Росонерите?

Вчера во италијанската спортска јавност главна вест беше упадот на финансиската полиција во просториите на Милан, како и во домовите на дел од поранешните и актуелни функционери на Росонерите, а денеска е позната причината за упадот.

Обвинителот Џовани Полици, кој ја води истрагата, ги сомничи извршниот директор на Милан, Џорџо Фурлани, неговиот претходник Иван Газидис, како и уште двајца менаџери, на кои адреса на живеење им е Луксембург, за „изнесување материјални податоци“ кои не се вистинити, за прикривање, за измама…

Финансиската полиција освен во просториите на Милан, кои се наоѓаат на улицата „Алдо Роси“, ги претресла и домовите на обвинетите и ги запленила компјутерите и мобилни телефони.

Според обвинителот Полици, тие при преземањето на клубот на инвестицискиот фонд „Ред Бирд“ ја попречувале работата на надзорното тело за комуникации во Италијанската фудбалска федерација и го криеле вистинскиот сопственик на Милан.

Обвинителството се сомнева дека Милан всушност не е во сопственост на американскиот ивенстициски фонд „Ред Бирд“, чиј основач е Гери Кардинале, кој во 2022 година го купи клубот за повеќе од милијарда евра од друг американски инвестициски фонд „Елиот“.

Според истрагата на обвинителството, Милан сè уште е во сопственост на фондот „Елиот“, а продажбата била фиктивна.

„Од анализата на собраната документација се појави основано сомневање во вистинскиот сопственик на Милан“, соопшти обвинителството во Милано.

- Оглас -

Најнови вести