Познато е зошто пропаѓа трансферот на Гвардиол во Манчестер сити, Ливерпул има замешано прсти!

Доколку хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол летово не прејде во Манчестер сити, дел од вината за евентуалното пропаѓање на веќе договорениот трансфер, несакајќи ќе има и Ливерпул.

Спортскиот директор на Лајпциг, Макс Еберл, изјави дека нема никаков договор со Сити и дека на клубот спонзориран од Ред Бул не му требаат пари. Клупската каса била наполнета со преминот на Доминик Собослаи во Ливерпул.

„Знаеме дека Сити го сака Јошко, но немаме никаков договор, ни устен, со трансферот на Собослаи, клубот финансиски се осигураше. Не ни требаат пари, сакаме Јошко да остане“ – рече Еберл.

И во Динамо Загреб ќе бидат разочарани ако Гвардиол не направи трансфер. На Модрите од Загреб ќе им пропаднат 20 проценти од разликата која Лајпциг ја плати за Јошко во 2021. Лајпциг го купи Гвардиол за 18 милиони, што значи дека ако Црвените бикови добијат 100 милиони за него, на Динамо би му припаднале 20 отсто од 82 милиони, поточно 16,4 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести