Познато е зошто Реал настапи со виолетови дресови на мечот против Атлетик Билбао

Екипата на Реал Мадрид синоќа го победи Атлетик Билбао со 2-0 и ја задржа предноста од осум поени пред најголемиот ривал, Барселона. Сепак, еден друг момент од синоќешниот натпревар го привлече вниманието на светската јавност.

„Кралскиот“ клуб на натпреварот настапи со виолетови дресови, а не со стандардните бели кога се работи за домашните мечеви. Причината за тоа е новата, специјална, четврта гарнитура на дресови која ја подготви Адидас, а е креирана од јапонецот Јоџи Јамамото.

Виолетовата боја е одбрана во чест на генерацијата од крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години на минатиот век, но и во чест на генерацијата која токму со виолетови дресови дојде до титулата во Лигата на шампионите во 2017-тата година.

- Оглас -

Најнови вести