Познато е зошто Роналдо не го шутна важниот пенал за Ал Наср (Видео)

Големо беше изненадувањето кога во 86-тата минута при резулат 1-1, пеналот за Ал Наср не го изведе Кристијано Роналдо, туку топката ја зеде Бразилецот Андерсон Талиска.

Талиска даде гол, а Роналдо се радуваше и му честиташе меѓу првите.

Инаку, познато е зошто Роналдо му дозволи на Бразилецот да го шутне пеналот. Талиска се бори за прв стрелец во саудиското првенство, па вака дојде на еден гол од лидерот Хамдалах кој е играч на ривалскиот Ал Итихад.

Мароканецот Хамдалах има 15, Талиска 14 гола, а Роналдо е на девет, па и тој самиот не е толку далеку од битка за најдобар стрелец во сезоната, но реши да му помогне на соиграчот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести