Познато кога Федерер ќе се врати на терените

Роџер Федерер потврди дека на тениските терени ќе се врати на 8 март, кога стартува турнирот во Доха.

Швајцарецот неодамна одлучи да не учествува на Отвореното првенство на Австралија бидејќи одби да седи две недели во самоизолација со семејството.

Со појавувањето во Доха, Федерер ќе ја прекине долгата пауза која трае повеќе од 13 месеци, по тешката повреда на коленото. Последен пат играше во полфиналето на ОП на Австралија минатата сезона, по што по поразот од Ѓоковиќ се одлучи за операција.

„Одлучив својот камбек да го направам на помал турнир за да избегнам поголем стрес и притисок. Сакам повторно да славам големи победи и подготвен сум да ги остварам поминувајќи го потешкиот пат. Ќе се потрудам да играм на земја, а потоа следуваат Хале, Вимблдон, Олимписките игри и ОП на САД“, истакна Федерер.

Тенискиот виртуоз во август ќе наполни 40 години, меѓутоа не планира да застане со натпреварување на највисоко ниво, што значи дека ќе атакува на подобрување на рекордот од 20 гренслем-титули.

 

- Оглас -

Најнови вести