39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Познато колку ќе заработи Ленард во Клиперс за три години

Кавај Ленард денес го стави својот потпис на тригодишниот договор со ЛА клиперс. Шампионот од минатата сезона се враќа во родниот Лос Анџелес, каде што за три години ќе заработи максимални 103 милиони долари, а има и една клаузула во договорот која често се корист во НБА.

Ленард ќе може да побара оставка во последната година од неговиот договор и со тоа да стане слободен агент. Ист договор потпиша и втората нова ѕвезда на Клиперс, Пол Џорџ.

Инаку, првобитно се говореше дека заработката на Ленард во Клиперс ќе стигне до 142 милиони евра, така што официјалната сума е далеку помала од тоа што се очекуваше.

- Оглас -

Најнови вести