Познато што му се случило на Ериксен – За момент го загубиле, но…

Кристијан Ериксен ја уплаши јавноста и пред сè сите присутни на вчерашниот меч меѓу Данска и Финска, кога играчот на Интер ненадејно падна на тревата.

Хорор сцените на „Паркен“ стадионот во Копенхаген траеја неколку минути и дојде до прекин на мечот, по што медицинскиот тим успеа да го врати Ериксен во живот, а денес на прес-конференцијата дадено е објаснување што му се случило на данскиот фудбалер.

„На Кристијан му застанало срцето во моментот кога падна на тревата. За момент го загубивме, но успеавме да го вратиме во живот со само едно користење на електро-шокови. Среќа што изреагиравме брзо“, истакна докторот Мортен Боесен.

По извесно време, фудбалерите на двете репрезентации се вратија на теренот да ја доиграат средбата, Финците триумфираа со минимални 0-1. Наводно, самиот Ериксен од болница им се обратил на соиграчите и ги замолил да ја довршат работата, иако речини ниту еден дански фудбалер немал намера да игра во вакви услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести