Познато сценариото за Македонија во квалификациите за СП 2027: Првото место ја носи Грција, второто – Франција

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја чекаат клучни натпревари во претквалификациите за Светското првенство 2027. Нашата селекција се наоѓа во група со Унгарија и Романија, а позицијата на табелата ќе биде клучна за патот понатаму.

Според актуелниот систем на квалификации, доколку Македонија го освои првото место во групата, во главната квалификациска фаза ќе биде дел од група со Грција, Црна Гора и Португалија. Во тој случај, Грција би гостувала во Скопје, што би претставувало голем настан за домашната публика.

Од друга страна, доколку Црвено-жолтите завршат како второпласирани, тогаш во квалификациите ќе се најдат во многу потешка група со Франција, Белгија и Финска – ривали кои важат за едни од најсилните во Европа во последните години.

- Оглас -

Најнови вести