Познавачите на англискиот фудбал на дело, Боксинг деј донесе три феноменални добитни тикети

Враќањето на елитниот англиски фудбал им донесе среќа на тројца обложувачи кои како да чекаа повторно да се активира клупската сезона по паузата поради Светското првенство.

Во објект на Sport Life во Гостивар, на еден тикет со 150 денари уплата, има бруто-добивка од 128.536 денари.

На овој гостиварец „му легнаа“ резултатите на популарниот Боксинг деј, ги погоди сите шест прогнози дека на мечевите од Премиер лигата ќе паднат барем три гола, а на пет од нив ги погодил и победниците. Имал и доза на среќа бидејќи Вулверхемптон во 95-тата минута даде гол за победа од 2-1 над Евертон, со тоа и гостиварецот погоди дека на мечот ќе има 3+ голови.

ГОЛОВИТЕ ДОНЕСОА РАДОСТ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

Во скопски Аеродром, играч кој во Sport Life имал минимална уплата од 20 денари, погодил десет исходи и заслужено освои 82.960 денари. Играни се 10 меча од англиските лиги, и тоа на број на голови. Игрите се 2-3, 3-5, 4-5 или 4-6 гола.

КУМАНОВЕЦ СО УПЛАТА ОД 100-КА, ДО ДОБИВКА ОД 100.000

Во Sport Life во Куманово, со 100 денари еден обложувач дошол до бруто-добивка од 100.181. На тикетот се седум меча од англиските лиги на кои е погодено дека ќе има од еден до два гола во двете полувремиња. Најкритичен меч на тикетот бил Свиндон – Волсол. Таму гостите во 94-тата минута дадоа гол и тоа беше прв погодок во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести