Познавањето на австралискиот фудбал, на охриѓанец и скопјанец им донесе огромни добивки

Кој рано рани, две среќи граби. Оваа поговорка се обвистини кај обложувач, кој во вторникот наутро во објект на Sport Life на автобуската станица во Охрид уплатил два идентични тикети со истите три парови и тикетите му испаднаа добитни.

Со 30 денари уплата, еден тикет му носеше добивка од 109.395, што значи дека со вложени 60 денари, доби над 200.000 денари. Овој обложувач типувал само на три меча од ФФП купот на сојузната држава Јужна Австралија, но на сите три меча има многу големи, двоцифрени квоти.

За тимовите кои беа фаворити, уплатил дека ќе дадат три или повеќе голови и, за негова среќа, така испадна. Не само што даваа по три, туку два тима постигнаа 4, а едниот 5 гола.

ВО НОВО ЛИСИЧЕ СО ЕДНО ВЛОЖЕНО ЕВРО, ДО ДОБИВКА ОД 2.400 ЕВРА

Истите мечеви во Австралија се појавуваат и на еден друг мајсторски тикет уплатен во објект во скопско Ново Лисиче. На овој тикет, кој носи добивка од 148.670 денари, уплатата била 60 денари и исто така уплатата е во вторникот претпладне.

Типувано е на седум меча кои се играа во рани термини, па веќе во 15 часот овој обложувач можеше да почне да слави бидејќи голови се редеа како на филмска лента секаде каде што тој типуваше дека ќе има погодоци. А, избор му беа егзотични фудбалски мечеви од куп на Јужна Австралија и од младинска лига во Алжир.

Последен меч кој го чекаше беше мечот на селекциите на Словачка и Финска за играчи до 21 година. Му требаа два гола во прво полувреме и 4 на крај, а уште по првото полувреме резултатот беше 4-0 за Словаците. Најкритичен меч на тикетот му бил еден од двата меча во Алжир, каде што е типувано на 4+ голови, а сите четири погодоци на средбата паднаа во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести