Со доаѓањето на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов се комплетира ростерот на македонската фудбалска репрезентација, која утрово отпатува во Прага. Нашите најдобри фудбалери ќе играат контролен меч против Саудиска Арабија, што треба да биде како загревање за тоа што следува подоцна.
На 7 септември во Скопје, Македонија ќе го пречека Лихтенштајн во дуел од квалификациите за Светско првенство во 2026 година. Македонија е прва во групата и има реални шанси да се бори за прв историски пласман на Мундијал.