Прандели не смени многу, Џенова пак не победи

Ниту Џезаре Прандели не може туку така да ги натера фудбалерите на Џенова да почнат да победуваат, екипата на Горан Пандев денес ремизираше со Спал при конечни 1-1.

Уште во водедните минути екипата на Прандели наиде на проблеми, Кришито беше исклучен од натпреварот, па Џенова мораше да се снаоѓа со играч помалку од 11-тата минута. Казната стигна само четири минути подоцна, Петања постигна гол за водство на гостите.

Пјонтек ја продолжи голгетерската форма, па во 38-та минута ја врати Џенова во игра со гол од белата точка. Црвениот картон како да ги поремети плановите на домаќините, па така Горан Пандев не доби шанса да настапи.

Џенова веќе девет средби во низа нема остварено позитивен резултат, со 16 бода се наоѓа на 15-тото место, додека Спал со еден бод помалку е точно под нивниот денешен противник на табелата во Серија А.

 

 

- Оглас -

Најнови вести