Правдата е задоволена: Напаѓачот на Квитова „ќе скапе“ во затвор

Судот во Чешка го осуди човекот кој ја нападна тенисерката Петра Квитова на осум години затворска казна. Радим Зондра во декември 2016 година и нанесе тешки телесни повреди на Квитова откако влезе во нејзиниот стан.

Напаѓачот пред судот се изјасни дека не е виновен, а државниот обвинител побара 12 години затворска казна за Зондра. Квитова заработи исеченици на левата дланка со која игра тенис. По нападот, Петра мораше да паузира половина година за да се рехабилитира. Судот денеска реши дека осум години се доволно за напаѓачот на тенисерката.

Иако се работеше за сериозни повреди на раката, Квитова успеа целосно да закрепне, се врати на тенисот и моментно е втората најдобра во свет, според рангирањето на ВТА-листата.

Квитова моментно е дел до четвртфиналето на мастерс-турнирот во Мајами, каде што вечерва 30 минути по полноќ ќе игра против Барти.

 

- Оглас -

Најнови вести