Романската гимнастичарка Ана Барбосу сепак ќе го добие бронзениот медал кој го освои на Игрите во Париз. Барбосу имаше одличен настап во финалето на партер и на крајот доби 13.700 поени, што беше доволно да го освои третото место и да се радува на бронзен медал.
Тинејџерката веднаш гордо го развеа романското знаме во знак на радост, но само неколку секунди одоцна следуваше шок. Американскиот тим се жалеше на оценката на еден од членовите во жирито за изведбата на Џордан Чилс, па судиите ја уважија оваа жалба и ја корегираа крајната оценка. Со корекцијата на крајната оценка, Романката Барбосу падна на четвртото место и остана без бронзениот медал.
Потоа следуваше жалба на Романката и тоа до Судот за спортска арбитража, каде процениле дека Американата ја уложила својата жалба по истекот на рокот и тоа за само една минута подоцна. Со тоа, американската гимнастичарка повторно е вратена на петото место, бидејќи го загуби тој 0,1 поен кој и беше додаден по жалбата.
🚨BREAKING
🇷🇴Romania’s Ana Barbosu has had her Olympics bronze medal reinstated by the Court of Arbitration for Sport.
CAS ruled that Team USA’s appeal was launched one minute too late and therefore Jordan Chiles has been stripped of the medal. https://t.co/sovCUEwW7I pic.twitter.com/g6h59GbwDu
— Sam Street (@samstreetwrites) August 10, 2024