Праведно или не, Реал Мадрид победи на „Аноета“ и е нов лидер во Шпанија (Видео)

Реал Мадрид е нов лидер во Шпанија по победата во Сан Себастијан против Реал Сосиедад со 2:1 во меч што имаше неколку спорни моменти.

Гостите поведоа од пенал во 50-тата минута што го реализираше Серхио Рамос, а му претходеше фаул над Жуниор Винисиус. Судијата Фернандес ја провери целата ситуација во консултација со колегите во ВАР-собата и го потврди пеналот.

https://twitter.com/Der11Tiger/status/1274816266407227398?s=20

Потоа следуваа најинтересните моменти на мечот, а Јанузај во 70-тата минута израмни на 1:1, но голот беше поништен поради неговиот соиграч Мерино, кој му пречеше на голманот Куртоа.

https://www.youtube.com/watch?v=Ghegb1T1BTE

Повторно имаше проверка со ВАР-системот и голот беше поништен. Веднаш потоа нов спорен момент при вториот гол за Реал Мадрид што го постигна Карим Бензема.

https://www.youtube.com/watch?v=bYi9rv7Vubk

Се проверуваше дали францускиот интернационалец играше со рака или со рамо при приемот на топката, а повторно ВАР одлучи во корист на Реал и голот беше признат.

Реал Сосиедад успеа потоа да постигне гол, но само почесен за пораз од 1:2.

https://www.youtube.com/watch?v=Uq0ewlPfOL4

Реал Мадрид сега е прв со 65 бода, колку што има Барселона, но Кралскиот клуб би бил шампион во ваква ситуација бидејќи има подобар биланс во меѓусебните дуели.

- Оглас -

Најнови вести