Прави скандали каде и да оди: Врањеш се зафати со соиграч на паузата (видео)

За време на дуелот меѓу АЕК и Панатинаикос се случи скандал во редовите на домашниот тим во кој главната улога ја имаше Огњен Врањеш. Босанскиот фудбалер се зафати со соиграчот Верде при паузата во првото полувреме, меѓутоа останатите соиграчи навреме интервенираа и ги разделија двајцата.

Врањеш без размислување со телото го турна Верде, а овој го фати за врат и си разменија неколку збора. Инаку, босанскиот фудбалер минатата година беше на удар на критики откако се откри љубовната афера со познатата српска пејачка Јелена Карлешуа, сопруга на Србинот Душко Тошиќ, по што Врањеш беше избркан од репрезентацијата на БиХ.

 

- Оглас -

Најнови вести