Правилата на Ван Хал, фудбалерите ги добија броевите на дресовите според возраста

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луис ван Хал ги одреди броевите на дресовите на фудбалерите кои ќе настапат на Светското првенство во Катар според возраста на играчите.

„Вообичаено, за тоа зборувам со играчите, но овојпат не го сторив тоа. На фудбалерите им дадов бројки кои одговараат на нивната возраст“, ​​изјави Ван Хал.

Ван Хал во својот одговор ги збуни новинарите кои помислија дека тоа им го кажал во шега.

„Не е никаква шега, јас никогаш не се шегувам на прес-конференција. Ви објаснувам зошто го направив тоа“, одговори Ван Хал.

Ван Хал истакна дека бројките кои им се доделени на играчите не укажуваат кој ќе игра во стартниот состав.
Голманот Ремко Пасвер го доби дресот со бројот 1, но тоа не значи дека ќе има предност пред Бијлов и Ноперт.

Тоа е поврзано со годините, тоа е одговорот“, додаде Ван Хал.

Џереми Фримпонг и Чави Симонс се нови репрезентативци, па поради тоа ги добија последните бројки, 25 и 26.

„Секако дека разговарав со нив, тоа го правам уште првиот ден. Така ги запознавам, им кажувам што правиме, а што не, тоа е важно”, додава Ван Хал, кој смета дека Холандија може да оствари подобар резултат од 2014 година кога со него како селектор беше трета на СП.

„Мислам дека во тимот ги немаме најдобрите играчи во светот, но верувам во играчите и тактиката. Можеме далеку, но ни треба и среќа. Сакам играчите да помислат дека сме светски шампиони. Ако можете да го замислите, можете тоа да го направите и на теренот. Имаме играчи кои одлично се вклопуваат во тактичкиот план“, изјави Ван Хал.

- Оглас -

Најнови вести