Правилата се јасни, затоа судијата не гледаше ВАР-снимка кога беше поништен голот на Венеција (Видео)

Интер се намачи на свој терен, но на крајот ги освои планираните три бода во дуелот против Венеција. Со оваа победа Нераѕурите стигнаа до 24 бода и сега се само на еден бод заостанување зад лидерот Наполи.

Лаутаро Мартинес со глава погоди во 65-тата минута и тој момент се покажа како клучен за Интер да се радува. Сепак, малку фалеше Венеција, која е во зоната за испаѓање на табелата, да направи изненадување на „Џузепе Меаца“.

Се играше 90+8 минута од мечот кога хрватскиот интернационалец Марин Шверко со глава даде гол за 1:1. Судијата го призна погодокот, но потоа се јавија арбитрите од ВАР-собата.

Тие забележаа дека Шверко во обидот да ја удри топката со глава, прво удира во неговата рака. Судискиот експерт Лука Марели објасни зошто главниот судија воопшто немало потреба да гледа повторена снимка на ВАР-екранот.

„Во една таква ситуација, кога има играње со рака, арбитрите од ВАР-собата е доволно да објаснат дека има неправилно играње со рака, а главниот судија без самиот да гледа повторена снимка ја прифаќа сугестијата. Во ваква ситуација, без разлика дали се работи за намерно или ненамерно играње со рака, голот се поништува“, објасни Марели, кој е судиски експерт за ДАЗН.

- Оглас -

Најнови вести