4.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

„Правилото 185“ на Атлетико ја става во опасност иднината на екстра талентираниот голман

Атлетико Мадрид во својата академија има суперталентиран голман кој се вика Ињиго Асореј и има 12 години, но Јорганџиите може да останат без него ако не го сменат „правилото 185“, според кое за еден голман да биде дел од младинскиот тим на Атлетико, мора да биде висок минимум 185 сантиметри.

Ињиго моментно има 165 сантиметри. Има време да порасне, но прашање е дали ќе порасне уште 20 сантиметри во следните 5-6 години.

Неговите одбрани беа импресивни, тој дури и постигна гол од сопствениот шеснаесетник во четвртфиналниот натпревар на еден престижен турнир на Канарските Острови против Јувентус. Во полуфиналето против Реал Мадрид блесна во пенал-серијата, а во финалето го маѓепса голот против Вилјареал.

Единствена пречка за Ињиго може да биде само неговата висина. Сега се поставува прашањето дали Атлетико ќе направи исклучок ако Асореј не порасне до 185, а со своите одбрани ги оправда големите очекувања. Ќе дознаеме за неколку години.

 

- Оглас -

Најнови вести