Во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА вечерва ќе бидат познати победниците од 16-те плејоф-дуели, а има нешто што е многу поразлично од претходниот половина век. Правилото за гол на гости веќе не важи! Тоа беше правило кое цели 56 години се користеше во мечевите на УЕФА во ноакут-фазата и многу често дури и беше решавачко за тоа која екипа ќе продолжи понатаму.
Правилото беше дека ако една екипа на гости загуби на пример со 2:1, дома доволно ќе беше да победи со 1:0, па иако вкупниот збир на постигнати погодоци на двата тима е ДВА, екипата која дала гол на гостински терен е победник. Сега веќе ова правило не постои, па доколку се случи збирот на постигнати погодоци на двата тима да е ист, без разлика колку погодоци се дадени на домашен или гостински терен, ќе мора да се играат продолженија.
Едноставно, екипата која ќе оди во следната фаза мора да има дадено еден гол повеќе од противникот, па макар тоа да било и преку изведување на пенали.