Правилото кое УЕФА го воведе за ЕП 2024 ќе почне да важи и за клупскиот фудбал

Капитените на клубовите ќе бидат единствените фудбалери кои на теренот ќе смеат да комуницираат со судиите. Ова правило УЕФА го воведе за Европското првенство кое моментално се игра во Германија, а првичните реакции се задоволителни, па челниците на Континенталната фудбалска куќа решила да биде воведено и на клупски план.

Прва „жртва“ на новото правило беше ѕвездата на Шпанија, Родри, кој на мечот против Италија во групната фаза реши да му коментира на судијата и затоа доби жолт картон.

„Многу е тешко во денешно време да си судија. Судијата носи во просек меѓу 200 и 250 одлуки по меч, а тоа е една одлука на секои 22 секунди. Понекогаш тие одлуки се тешки и контроверзни, под огромен притисок се. Идејата е едноставна. Бараме од двата тима да обезбедат само капитените да имаат комуникација со судијата“, објасни пред почетокот на ЕП извршниот директор за судење при УЕФА, Роберто Росети.

Од УЕФа се задоволни каков ефект донесе новото правило на ЕП, па затоа од следната недела, кога ќе започне новата сезона во европските купови, ќе започне да се применува ова правило и во клупскиот фудбал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести