Правилото поради кое му беше поништен гол на Рен го знаеја само најголемите фудбалски експерти (Видео)

Едно фудбалско правило кое ретко кој го знаеше синоќа го запознаа сите. На мечот Рен – Виљареал од Лигата на Европа на домашниот тим му беше поништен гол за 3-3, кој дури и судијата не забележа дека треба да го поништи.

Многумина беа во шок зошто е поништен погодокот на Французите со кој тие ќе одеа директно во осминафиналето на Лигата на Европа, а вака треба да игра бараж, и тоа против јаки екипи кои беа трети во своите групи во Лигата на шампионите. И финансиски не е сеедно дали си прв или втор, разликата во заработката е двојна.

Што се случи во таа 11-та минута од судиското продолжение?

Ле Фе изведе слободен удар и ја погоди пречката. Топката се одби до него и продолжи акцијата, по што Рен даде гол за голема радост. По интервенција од ВАР-собата, судијата Караоглан од Турција го поништи голот.

Тогаш се дозна дека постои едно за многумина непознато и чудно правило: дека е забрането изведувач на слободен удар повторно да игра со топката ако таа се врати кај него по шутот.

 

https://twitter.com/i/status/1735398302567563759

- Оглас -

Најнови вести