Штета, навистина штета што мечот се игра без гледачи, затоа што атмосферата сигурно ќе беше поинаква на стадионот во Тбилиси. Точно е дека домашната селекција ќе имаше многу повеќе свои фанови, но сигурни сме дека и македонските навивачи ќе дојдеа во Грузија да дадат поддршка пред најважниот меч во фудбалската историја.
Иако трибините зјаат празни, македонското знаме е тука. На трибините на стадионот има најмалку едно знаме во знак на поддршка за нашите фудбалски херои. Ова знаме полека станува препознатлив бренд на најважните спортски настани на Македонија, ако се знае дека се вееше и на Европското ракометно првенство кое на почетокот на оваа година се играше во Виена.
Само да победиме, па по враќањето во Македонија, сигурно ќе се виорат стотици македонски знамиња во чест на фудбалските воини. Се што треба е само да стигнеме до толку посакуваната победа вечерва против Грузија, а веруваме во нашите момци и знаеме дека имаат сила за такво нешто.