Празничен екстра тикет во Кратово: Со 50 денари до добивка од преку 7.200 евра!

Одлично започна авгост за еден обложувач од Кратово кој вчера уплатил тикет во Sport Life. На мечевите кои се играа во квалификациите од Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА, со само 50 вложени денари, обложувачот успеа да заработи 448.948 нето добивка.

Фантастично одигран е тикетот на кој има само шест парови и на сите комбинациите се исти, а тоа е победа на фаворитот и да има барем четири погодоци на средбата.

ПОГОДОЦИ ВО 90+2 И 90+5 ДОНЕСОА ГОЛЕМА РАДОСТ

Освен знаењето, за да се погоди ваков тикет секогаш е потребно и среќа, па така Војводина загуби од Ајакс со 1:3, а гостите од Амстердам погодуваа во 85 и 90+2 минута. Драматично беше и во Романија каде Универзитатеа Крајова со 3:2 го победи Марибор. Тука требаше да биде триумф на домаќините со 4+, а голот за триумф домаќините го дадоа во 90+5 минута.

Панатинаикос во гости со 4:0 го победи Ботев Пливдив, а сите дилеми беа решени уште по само 50 минути игра. Сласк Вроцлав со 3:1 ја победи Рига и тука сите погодоци беа постигнати пред да истече 60 минута.  Сент Мирен со 4:1 го победи Валур од Исланд. Ордабаси со 3:2 го победи Диферданж по 90 минути игра и тоа беше доволно за тикетот уплатен во Кратово да донесе одлична добивка од преку 7.200 евра.

- Оглас -

Најнови вести