Празнично расположените Џорџ и Вестбрук го растурија Њујорк

Оклахома сити тандер му го нанесе шестиот последователен пораз на Њујорк никс со конечни 127:109. На „Мартин Лутер Кинг деј“ кошаркарскиот маратон стартуваше од познатата арена „Медисон сквер гарден“, каде што Оклахома ја оствари 28-та победа сезонава.

За Тандерси блескаа предводниците Пол Џорџ и Расел Вестбрук. Џорџ беше најефикасен со 31 поен, четири скока и исто толку асистенции. На Вестбрук му недостасуваше една асистенција за нов трипл-дабл, не успеа да го оствари иако за едно успешно додавање имаше цела последна четвртина, а заврши со 17 поени, 10 скока и 9 асистенции. Во тимот на Њујорк најефикасен беше Тим Хардавеј јуниор со 23 поени.

https://twitter.com/NBA/status/1087422039194062851

Чикаго булс успеа да стави крај на „црната“ серија од 10 порази во низа, па со конечни 104:88 триумфираше над Кливленд кавалирс. Во тек се уште три натпревари: Милвоки и Далас (57:59) моментално паузираат, исто и Вашингтон и Детроит (50:34), додека пред малку започна дуелот меѓу Орландо меџик и Атланта хокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести