Празник во Прешов – Гостин е европскиот првак Вардар

Вардар оди на 12-та победа по ред во Прешов против Татран, вечерва од 20.45 часот во меч од СЕХА-лигата. Билансот на актуелниот европски првак и освојувач на титулата во Регионалното натпреварување против Татран е извонреден.

На 14 меѓусебни дуели, „црвено-црните“ од Скопје имаат 11 победи и тоа по ред, едно реми и два порази, на почетокот на солидното ривалство што двете екипи го изградија со натпревари во СЕХА-лигата.

„Одлично го познаваме Татран и иако играме во пеколно темпо и играчите се заморени, за Вардар само победа е успех. Имавме малку време да се подготвиме за мечот во Словачка, но ќе се обидеме да ја продолжиме серијата успеси“, изјави тренерот на Вардар, Давид Писонеро.

И двете екипи досега одиграа по три натпревари во новото издание на СЕХА-лигата и имаат идентичен биланс од две победи и еден пораз во групата A.

 

- Оглас -

Најнови вести