6.2 C
Skopje
среда, 17 декември 2025

Празник во Талавера, дојде Реал Мадрид, тренерот на третолигашот го спореди со Дизниленд

Талавера, клуб кој игра во третата лига на шпанскиот фудбал, вечерва испишува клупска историја со тоа што го пречекува гигантот Реал Мадрид на нивниот стадион „Ел Прадо“ во натпревар од Кралскиот куп.

На прес-конференцијата пред натпреварот, аргентинскиот тренер на аматерскиот тим, Алехандро Сандрони, не можеше да го скрие своето возбудување и нагласи дека ова е историски ден за клубот и градот.

„Дојде денот ‘Д’, денот на Дизниленд. Ќе се обидеме да ја искористиме оваа огромна атракција. Ова е огромна награда за Талавера, за тимот, за членовите на клубот, за спонзорите… Вчера разговарав со луѓе од мојата родна Аргентина – тие ги гледаат сите натпревари на Реал Мадрид таму. Интересот е огромен и ќе се обидеме да ја покажеме нашата најдобра форма. Луѓето ќе зборуваат за ова со години. Ќе се соочиме со најуспешниот тим во светот, кој има аура што засенува сè околу себе. Тие се светлосни години пред нас, но можеби ние имаме една предност – страста. А, страста поместува планини“, рече Сандрони.

Растојанието од шпанската престолнина до Талавера де ла Реина е околу 120 км, а играчите на Реал патуваа со автобус и беа пречакани од голем број луѓе, но само 5.000 луѓе ќе може да го гледаат мечот во живо од трибините бидејќи толку е капацитетот.

Талавера стигна до натпреварот со Реал Мадрид по победите над Рајо Махадаонда и Малага.

- Оглас -

Најнови вести