Како ретко кога денеска има изобилие од фантастични фудбалски натпревари.
Фудбалските мераклии ќе имаат ден за уживање, каде што најпрви ќе можат добро да ја разгледаат понудата на Sport Life, да состават добитен тикет а потоа да се „забетонираат“ пред ТВ-екраните, бидејќи е фудбалски празник.
Најпрвин тргнуваме со Премиер лигата, каде што од 13:30 часот, Евертон и Ливерпул ќе ги одмерат силите во првото градско дерби за денеска. Потоа од 16 часот Челзи ќе го дочека Вест Хем, Тотенхем ќе игра со незгодниот Фулам во градските дерби средби на Лондон.
Во Серија А од 18 часот се игра класиката „Дерби дела Мадонина“ меѓу Милан и Интер, а од 20:45 Лацио и Наполи ќе ги одмерат силите на „Олимпико“.
Во Ла Лига, пак, највеќе внимание привлекува средбата меѓу Севилја и Барселона (21 часот), а претходно ќе играат Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид (19ч.) и Реал Мадрид од 16:15 часот ќе го пречека Бетис.
Ако и ова нè е доволно, тука се и средбите од Евробаскетот, како и Формула 1 квалификациите за холандското ГП кои се возат од 15 часот.
Едноставно, денеска е ден за уживање…