Дури 11 натпревари се играат ноќеска во НБА лигата и предизвикот да се најдат вистинските комбинации е голем. Филаделфија е домаќин на Чикаго во меч на кој домаќините сакаат да ја продолжат традицијата, а таа вели дека се доминантни против Биковите. На 12 од последните 13 меѓусебни дуели, 76-ките победиле, а и сега квотите покажуваат дека „кецот“ е реална опција.
Ако се гледа традицијата и Бруклин има одличен биланс во дуелите со Њу Орлеанс, па тоа е тимот кој се радувал седум пати во последните девет меѓусебни дуели. Ова е и дерби на денот затоа што Њу Орлеанс е трет на Западот (24 победи и 14 порази), а Бруклин е втор на Истокот со 25 победи и 13 порази.
Освен типување на натпреварите, може да одиграте и на „плус-минус“ поени на кошаркарите. Преку 50 играчи се дел од понудата на Sport Life.