Пребогата НБА вечер со 13 меча, во Sport Life има игри и квоти за сечиј вкус (Фото)

Останаа уште 12 дена до плејин турнирот, а за 16 дена почнува плејофот во НБА лигата, и затоа периодов, секој меч е важен барем за едниот од двата тима.

Вечерва на програмата се дури 13 натпревари, понудата на Sport Life е пребогата, затоа што освен стандардните бројни игри за секој од мечевите, тука се и 75 кошаркари за кои може да типувате колку поени ќе дадат, поточно дали ќе одат во плус или минус поени од зададената граница.

Лос Анџелес лејкерс гостува кај Минесота, а губеше од Шумските волци во последните пет меѓусебни дуели. На Езерџиите им треба победата во градот во кој во далечното минато играа како домаќини, а квотата за двојка е одлична.

Еден од поинтересните дуели може да биде и оној помеѓу Хјустон и Детроит. Двата тима имаат по седум порази по ред, па за Ракетите или Клиповите, црната серија ќе биде прекината.

- Оглас -

Најнови вести