Кошаркарската НБА-лига за вечерва нуди богата програма од 11 натпревари, па и во понудата на Sport Life имате огромен број опции за обложување во врска со овие мечеви.
Ако се решите да одиграте на број на поени на играчи, имате огромен избор, има повеќе од 130-мина кошаркари кои може да ви донесат добивка ако точно погодите кој ќе има плус поени, а кој помалку од зададената граница.
Дерби на вечерта е Кливленд – Њујорк, пресметка на тимовите кои се на четвртото, односно третото место на Истокот. Бостон и Мајами одат по своите четврти победи по ред, од Дончиќ се очекува да го предводи Лејкерс до победа над Орландо, тоа важи и за Едвардс, кој е трети стрелец во лигата, а со својата Минесота е фаворит против Портланд.


